18 МИГРАНТИ ОТКРИЕНИ НА ПАТОТ РАДОВИШ-НЕГОТИНО

Oсумнаесет мигранти од Пакистан и Авганистан синоќа по полноќ биле откриени во возило кај Неготино.

„На регионалниот пат Неготино – Радовиш, во близина на полигонот кај с.Пепелиште, полициски службеници се обиделе да сопрат патничко возило „Опел синтра“ со штипски регистарски ознаки. Возачот нагло го запрел возилото и побегнал.

Во наведеното возило биле откриени 12 лица од Пакистан и шест лица од Авганистан. Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот“, соопшти МВР.

Мигрантите се пренесени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.


Само во Македонија: Во овој автомобил качил 18 мигранти

Related Articles

Временска прогноза