ЗАПОЧНУВА ФК ПЛАЧКОВИЦА – ВО РАДОВИШ ГОСТУВА ФК ТИКВЕШ

Во сабота започнуваат натпреаврите од Втората фудбалска лига.

ФК Плачковица во првото коло како домаќин ја дочекува екипата на ФК Тиквеш кој минатата година беше претендент за влегување во повисок ранг на натпревари во првата лига. Останува да видеме како ќе се одвива првиот натпревар на нашиот второлигаш кој изминатото првенство беше не работ на изпаѓање од оваа лига но сплетот на околности и ситуацијата остана непроменета и ФК Плачковица и оваа сезона е во втората лига.

Од управата најавивија првенство со подобар тим оваа сезона, и ФК Плачковица има можност да покаже дека минатата сезона на натпреаврување ќе остане позади нас и ова година ќе покаже дека местото на овој тим е во оваа лига.

Во второто коло нашиот тим гостува во Штип кај Брегалница, а третото коло на 12 септемви ни доаѓа во Радовиш новиот второлигаш ФК Слога од Виница.

Од федерацијата согласно препораките сите натпревари ќе се одигруваат без публика се до донесување на други препораки и одлуки, терминот на одигрување е 17.00 часот во сабота на Градскиот стадион во Радовиш.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза