• Радовиш
  • Услови за користење
  • Импресум

РАСПИШАН КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА УЧЕНИЦИ

Општина Радовиш распиша Конкурс за стипендирање на ученици во основните училишта во општина Радовиш и СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш, за учебната 2020/2021 година

 За учебната 2020/2021 година, општина Радовиш ќе се доделат 16 (шеснаесет) стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение – по 4 стипендии пооделно.

Согласно измените на Правилникот, стипендиите нема да се доделуваат по училишта, туку ќе се доделуваат вкупно по 4 стипендии за секое одделение ( по 4 за VI, VII, VIII и IX одделение) по принципот на најдобро рангирани ученици (со најмногу бодови), без разлика од кое основно училиште се учениците.

Стипендијата е во висина од 2 500 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.

  • 8 (осум) стипендии на талентирани ученици од I-IV година во средно образование од кои: 5 (стипендии во прва година – по една стипендија за ученици од сите 5 општински основни училишта, коишто ќе донесат потврда дека се запишале во прва година во СОУ Коста Сусинов – Радовиш, и по една за II, III и IV  година.

Стипендијата е во висина од 3 000 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.


  •  5 (пет) стипендии на ученици во основните училишта и ученици во средното образование од општина Радовиш чиишто семејства се социјално загрозени.

Стипендиите се доделуват на првите пет рангирани кандидати кои конкурирале по овој основ, без разлика дали учениците се од основно или од средно образование.

Право за конкурирање имаат сите ученици од VI, VII, VIII и IX одделение основно образование и учениците од I, II, III и IV година средно образование


 

Место и рок за поднесување на документите

            Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на општина Радовиш во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на ученици“

            Рокот за поднесување на документите е 10 работни дена започнувајки од 15.10.2020 год. (Четврток) заклучно со 28.10.2020 година (Среда).

Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

            БАРАЊАТА можат да се набават самите училишта, на WEB страната или директно во општина Радовиш. Резултатите ќе бидат објавени во рок од 15 дена од завршувањето на конкурсот. Резултатите од конкурсот ќе бидат истакнати на огласната табла во општина Радовиш и на ВЕБ страната на општина Радовиш. По објавувањето на резултатите, незадоволните кандидати во рок од 5 (пет) дена, можат да поднесат приговор до Градоначалникот на општина Радовиш. Комисијата е должна во рок од 5 (пет) дена да одговори на доставениот Приговор. Повеќе информации можат да се добијат во самите училишта, или во општина Радовиш.

 

Информираат од општина Радовиш

КОНКУРС

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови




Related Articles

Временска прогноза