Изминатите денови од 02 до 09 декември се одбележуваше „Недела за борба против трговија со луѓе“
Клубот на млади на Црвен крст Оштинска организација Радовиш ја одбележа Неделата за борба против трговија со луѓе, со предавање кое беше одржано на 10.12.2020 год., предавањето беше на тема “Трговија со луѓе” а беше реализирано во просториите на ОО Црвен крст Радовиш од страна на обучен врснички едукатор Илија Габрешанец кој преку презентација со слики и видеа на полесен начин ја долови темата на неговите врсници.

Превентивните лекции имаат за цел подигање на свеста на младите, препознавање на начините преку кои младите можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна самозаштита.
ОО Црвен крст Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови