КИКИРИКИ – волшебна храна

Кикирики е мешунка која спаѓа во фамилијата на мешунки и има потекло од Јужна и Средна Америка и Мексико. Инките одгледувале кикирики уште пред 3.500 години. Шпанските освојувачи во 15-от век ги донеле кикириките во Европа и насекаде низ светот, а интересно е дека кикириките во Северна Америка се појавиле во 18-от век и тоа преку Африка.

Кикириките се чудна билка, некој ги вбројува во овошје, некој во зеленчук. Тој јаткаст плод расте под земјата како компир. Семето на кикириките е полно со маснотии, а помага да ослабеме.

Кикирики е мешунка која расте околу 30 до 50 сантиментри. Има жолти цветови и плодовите растат под земја. Лушпата е рапава и во неа има семе од кикирики, прекриено со тенка кожичка. За кулинарски потреби се употребува семето од кикирики.

Кикириките содржат незаситени масни киселини кои допринесуваат за намалување на лошиот холестерол и триглицериди во крвта. Кикириките можат да ја намалат можноста за срцев удар и за 50%.

Хранливите состојки на кикириките влијаат на подобрување на меморијата и слухот. Богат извор е на протеини, затоа се препорачува да ги јадете кога сте многу уморни. Содржи витамини од Б групата кои и даваат сјај на косата, влијаат на нервниот систем, а витамините од групата Е од кикириките позитивно влијаат на потенцијата.

Тие се полни со калиум, магнезиум, цинк, флавониди, антиоксиданти и биоактивни компоненти за кои научниците велат дека се неопходни за човековото здравје. Доколку редовно јадете кикирики може успешно да го регулирате нивото на шеќер во крвта.

Многу важно да се знае е кои кикирики да се јадат. Па така, јадете ги оние кикирики кои Ви изгледаат свежо и секако, се свежи, бидејќи старите кикирики во себе содржат микроогранизми со канцероген отров-афлатоксин

Кикириките се богати со белковини, минерали, витамини Е и К и исто така, многу важно, не содржат холестерол. Една е од ретките мешунки кои се богати со витамин Д. Се препорачува кикириките да се купуваат со лушпа, бидејќи така ги содржат сите овие витамини и минерали. Докажано е дека доколку умерено се конзумираат кикириките, доведуваат до помал ризик од срцев удар или мозочен удар. Кикирите го намалуваат холестеролот, спречуваат воспалување и ги зацврснуваат ќелиите околу срцето.

Во индустријата, кикириките се користат на повеќе од 300 начини и тоа за производство на брашно, сапун, детергент, пласитка, до различни креми, шампони и лекови. За разлика од многу други плодови кои во јадењата може и да не ги препознаете, тоа не е случај и со кикириките, бидејќи тие имаат навистина препознатлив вкус. Кикириките можат да се јадат пржени, печени, солени или несолени. Од нив се произведува добро познатиот путер од кикирики, се произведува и масло од кикирики а исто така тие се дел од многу десерти и солени јадења.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза