МАРУЛА – Вкусна и здрава салата!

Иако ја има преку целата година благодарение на пластениците, раната пролет е вистинското време за марулата или зелена салата.

Зелена салата или марула е умерено едногодишно или двегодишно растение кое најчесто се расте како лиснат зеленчук. Во некои земји, како Македонија, се јаде ладна и свежа, во салати, сендвичи, и други јадења, додека во некои, како да речеме Кина, зелената салата се јаде зготвена, и дршката има подеднаква важност како листот.

Зелената салата првично има стебленце (розетен раст), но кога процветува, стеблото се продолжува и разгранува, па дава многу цветни глави кои личат на оние кај глуварчето, само помали. Ова се нарекува прецветување. За да биде јадлива, зелената салата се бере пред да прецвета.

Зелената салата е добар извор на хлорофил и витамин К. Таа е богата и со минерални соли, лутеин и со бета-каротин. Изобилува и со витамин Ц, калциум, растителни влакна, фолна киселина и железо. Марулата вклучува во својот состав и други неопходни материи за организмот, меѓу кои витамин А, Б6, ликопен и калиум.

Марулата ги штити и чува нервите, но истовремено го јакне и одржува имунитетот, па нејзиното користење за време на сезоната на настинка и грип е можеме да кажеме неопходно. Но, многу важно е што зелената салата е природен диуретик, таа го елиминира вишокот течности во организамот, го штити срцето и крвните садови и го подобрува функционирањето на бубрезите.

Марулата содржи материја која ги отвора крвните садови, спречува настанување на наслаги на крвните садови, исто така го намалува ризикот од инфаркт и други несакани состојби на кардио васкуларниот систем.

Марулата е пријател на целото тело, ги штити сите ситеми и органи, и го регулира крвниот притисок. Таа е исклучително богата со витамин Ц, но и други витамини од групата Б, Е и А. Ако кажеме дека зелената салата е уште наречена и растение на убавината можеби ќе се зачудите, но таа ја одржува кожата ја храни и рехидрира и го спречува појавувањето на брчки.


Рецепти со зелена салата:

Ролнички со туна и марула

Потребно:

4 тврдо варени јајца

2 лажици мајонез

8 големи тортиља пити

1 марула

100 гр. кашкавал

Сол и црн пипер

Подготовка:

Исецкајте ги јајцата, па додадете го мајонезот и наросете сол и црн пипер. Мешајте ја смесата се додека не се соедини.

Врз секоја тортиља пита нанесете од смесата од јајца и мајонез. Потоа врз смесата ставете кашкавал, кој претходно сте го изрендале, па наредете ги листовите марула, кои претходно добро сте ги измиле.

Вака приготвените тортиља пити свиткајте ги во ролни, па обвиткајте ги со фолија и ставете ги во фрижидер за да се изладат и стегнат. Откако ќе се изладат, извадете ги од фрижидер, отстранете ја фолијата и секоја тортиља пита исечете ја на 3 парчиња. Вака исецканите ролнички со јајца и марула послужете ги наредени во чинија за сервирање заедно со неколку топки павлака.


Неодолива цезар салата

Потребно:

1 зелена марула

300 гр печен пилешки стек (исечкан)

3 чешниња лук

1 сок од лимон

5-6 лажици мајонез, и по желба 2лаж. вочестер сос.

2 парчиња леб исечкан и пропржен на масло

Пармезан

Чери домати

Подготовка:

Се припрема непосредно пред служење.Салатата ситно се сечка се полива со масло и лук.Пилешкиот стек се пржи на коцки.Врз салатата се додава лимонот,мајонезот, сол,бибер ,топлиот стек и парчињата пржен -препечен леб.Се посипува со пармезан и чери домати.Се служи веднаш за да се осети топли -ладни контраст!


Зелена салата со стапчиња од сирење

Потребно:

100 гр. кравјо сирење

200 гр. зелена салата

1 излупен домат

1 јајце

1 ротквичка

маслинки

кори за пита

масло за јадење

30 мл. вински оцет

сол и црн пипер

Подготовка:

На даската за сечење корите ги сечеме на половина. Јајцето го кршиме и ги двоиме жолчката од белката. Сирењето го сечеме на стапчиња. Секоја од корите ја премачкуваме со масло за јадење. Врз кората го ставаме парчето сирење и го преклопуваме со двата краја од кората. Од кората виткаме ролат чиј крај го премачкуваме со изматена белка за да не се одлепува при пржењето. Вака подготвените ролати ги редиме на чинија.

На оган ставаме една тава и во неа ставаме масло за јадење. Во загреаното масло ги ставаме ролатите да се пржат. За време на пржењето ги превртуваме за да бидат рамномерно испржени од сите страни. Доматот го сечеме на кришки а испржените ролати ги ставаме на чинија, обложена со салфетки за да ја впијат маснотијата.

Во еден сад ги ставаме оцетот и солта и промешуваме. Потоа додаваме масло за јадење и со тоа винеград сосот е подготвен. Листовите зелена салата ги кинеме на парчиња и ги редиме на чинијата за сервирање. Потоа врз листовите зелена салата ги редиме парчињата домат, а на средината ставаме 3 маслинки. Ротквичката ја засекуваме во форма на цвет и ја ставаме во средината на салатата. Потоа салатата ја преливаме со винеград сосот и на крај ги додаваме испржените ролати од кори.

 

Фото Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза