ЃУМБИР – семоќно растение

Иако кај нас не е распространет и употребуван како, на пример, во Британија, ѓумбирот е дефинитивно едно од растенијата кои би требало да почнете да ги консумирате за подобро здравје.

Што е ѓумбирот?
Ѓумбирот (Zingiber officinale), е ризом, растение кое расте длабоко под земјата и разгранува корени кои се јадат.

Секое ѓумбирово растение може да порасне до висина од еден метар, и да произведе 2-5 грутки ѓумбир, кој се бере еднаш годишно. Откако коренот на растението се откопува и кине, се мие и се суши на сонце. Откако се припремува како што треба, може да се користи за готвење и за медицински цели.

Ѓумбирот како лек
Со оглед на тоа дека ова растение потекнува од југоисточна Азија, не не’ изненадува тоа што кинеските и индиските исцелители го имале ѓумбирот како важен дел од нивната торба со лекови илјадници години.

Во сегашно време, бидејќи ѓумбирот расте на топли и влажни места, се култувира и одгледува во Кина, Индија, Австралија и Јамајка. Кина и Индија произведуваат најголем дел од ѓумбирот во целиот свет.

Денес, ѓумбирот се’ уште се користи и како храна, и како лек. Модерната западна наука ги има потврдено неговите бенефиции при лечењето на голема палета на здравствени состојби.

Зингероните, шаоголите, ѓумбиролите и волатилните масла му даваат на ѓумбирот специфична арома и вкус, како и неговите медицински состојки. Количеството на овие терапевтски состојки во ѓумбирот се одредува според географската положба, времето на берба, и методите на процесирање.

Мачнина
Ѓумбирот може да помогне да се намали мачнината при хемотерапија, патување, бременост и операција. Но понекогаш може да има и контра-ефект. Најефективен е во борбата против мачнината од бременост и операции.

Ѓумбирот работи со инхибирање на рецепторите на серотонин, и шири ефекти на смирување во мозокот и внатрешните органи. Може да го намали и излачувањето на васопресин, со што ја спречува мачнината која настанува при патување.

Дигестија
Ѓумбирот се смета за дигестивен лек уште од Средниот век. Ѓумбирот може да ги намали премногу активните стомачни контракции, и им овозможува на состојките во стомакот да влезат во цревата. Содржи и ензим наречен зингибаин, кој може да асистира во дигестијата на протеин.

Крвен притисок и астма
Студии извршени над животни покажуваат дека ѓумбирот може да помогне и при контролата на високиот крвен притисок.

Јасно е дека ѓумбирот може да реагира слично како и калциум каналните блокатори. После неколку месеци, ѓумбирот може да создаде нежна релаксација на мускулите и поеластични крвни садови. Ова е голем бенефит и за астматичарите.

Холестерол
Ѓумбирот помага и да се намали ЛДЛ (лошиот холестерол), а да се подобри ХДЛ (добриот холестерол). Може и да ја подобри продукцијата на холестерол во црниот дроб и да го зголеми излачувањето на фекалии.
Освен овие потврдени бенефити, ѓумбирот има благотворни својства и кај заболените од рак, мигрена и кај зависниците од дрога. Добро антибактериско средство е, а и купките со чај од ѓумбир ја прават кожата како свилена.

Ѓумбирот како храна
Излупен и затворен во тегла, ѓумбирот може да издржи и 2 недели во фрижидерот. Ако е нелупен и на темно, студено место, може да биде здрав и неколку недели. Замрзнете го доколку сакате да го чувате подолг период.

Може да се конзумира свеж, сушен, кристализиран, презервиран или поткиселен.

Користете го секаде каде недостига арома. Значи, може да го додадете во сосови, преливи, супи, чаеви, па и во протеински шејкови.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза