Радовишки марифети: КАДНКИ

Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и самуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна. Иако, генерално, традицијата е распостранета секаде во Македонија, постојат неколку оригинални рецепти што може да се сретнат само во Радовиш.

Поради тоа, од оваа рубрика „Радовишки марифети“ , ќе ви претставиме неколку радовишки кулинарски тајни.


Кадинки

Прво се вари шербетот за да излади додека се прават кадинките.

Се става 1 литар млеко на оган да зоврие. Oткако ќе зоврие се додаваат 3 лажици масло, се трга настрана и малку по малку се додава гризот и се меша постојано да не настанат грутки.

Се враќа на тивок оган и се маша уште малку да дојде густа смеса. Се остава смесата да се излади (да е млако) и му се додаваат јајце по јајце мешајки и пецивото. Со влажни раце се прават топчиња се заплескуваат и се редат во подмачкан плех со масло.

Се ставаат по предходно загреана рерна на 200 степени првите 15мин, потоа се намалува на 150 степени. Се печат околу 25 минути да добијат убава златна боја. Се исклучува рерната се оставааат уште 1 минута и се вадат. Се додава ладниот шербет на жешките кадинки. Се оставаат убаво да го впијат шербетот.

 

Состојки:

  • 1 литар млеко
  • 250гр гриз
  • 1 пециво
  • 4 јајца
  • 3 лажици масло
  • 750гр шеќер (за шербет)
  • 700мл вода (за шербет)
  • 1 ванила (за шербет)

 


About the author /


Related Articles

Временска прогноза