РОКВИЦА -магичен зеленчук

Ротквицата (Raphanus sativus) е повеќегодишна билка од фамилијата на зелките (Brassicaceae).

Зборот „rudhira“ на санскритски, или „rude“, „rudo“ и „reod“ на саксонски јазик, значи „крв“ или „да се обои во црвено“, од каде потекнува и името на оваа билка, дефинирано по бојата на нејзиниот корен.

Се претпоставува дека ротквицата потекнува од јужна Азија и дека можеби има потекло од дивата врста – Raphanus raphanistrum, која расте покрај обалата на Медитеранот.

Ротквицата интензивно се одгледувала во Египет во времето на фараоните. Колкаво значење имала ротквицата за старите Египќани покажуваат сликите на sидовите на храмовите и гробниците. Познато е дека Египќаните, кои ја граделе Кеопсовата пирамида околу 1900-та година пред нашата ера, ја користеле ротквицата заедно со лукот и кромидот, бидејќи сметале дека таа храна им го чува здравјето.

Ротквицата посебно ја ценеле Грците и Римјаните. Во народната медицина на овие народи, ротквицата била користена како природен лек против кашлица и воспаление на дишните патишта.

Како прастара културна билка се одгледувала во Кина, пред повеќе од 3000 години. Во Франција, ротквицата не е култивирана се до 16-от век. Во времето на ренесансата, во Франција ротквицата посебно се ценела поради своето лековито дејство на лачењето на жолчката.

Ротквиците спаѓаат во ретки билки, кои по 20-30 дена од сеењето даваат сочен, меснат корен со лут вкус и остар мирис. Бојата на коренот на ротквицата варира од бела, сива, црвена, па до црна. Без разлика на бојата, сите имаат сличен нутритивен состав.

Неговиот плод е многу вкусен и малку лут, но сето она што го содржи во себе за зачувувањето на доброто здравје на секој човек го прават да биде помеѓу првите здрави зеленчуци во нашата исхрана.

Ова растение е богато со несварливи јаглехирати што го олеснуваат варењето на храната, содржат вода, добри се против запек и им ги олеснуваат проблемите на оние што патат од хемороиди. Роквицата одлично детоксира, а нејзините природни сокови го смируваат дигестивниот систем.

Лековитите состојки помагаат при побрзо заздравување на хемороидите. Затоа, да не го потценуваме и да гледаме да биде што е можно повеќе на нашата трпеза.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза