Денес во општина Радовиш се одржа работен состанок на кој присуствуваа претставници од Јапонската агенција за мегународна соработка, Центарот за управување со кризи, и претставници на ЈП Македонски шуми.
Целта на овој работен состанок беше „Проектот за изградба на капацитети за намалување на ризикот од катастрофи врз база на екосистемски мерки преку одржливо управување со шумите во Македонија“ кој ќе се реализира во Општина Радовиш, а како донатор се јавува Јапонската агенција за мегународна соработка.
Овој проект ќе треба да ја има намената за Развој на модел на екосистемски базирани мерки за намалување од катастрофи, против полави, слизишта, ерозија и шумски пожари преку искористување на повеќенаменските функции на шумата.
Пилот целни места за реализација на овој проект од страна на Јапонската агенција за мегународна соработка се планината Водно во Скопје, Радовиш и Свети Николе.
Извор: Општина Радовиш