ТРАДИЦИОНАЛНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА „БОЖИЌНА ТРПЕЗА“

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ,

По повод Божиќните празници, Организација на жени „Женска акција“ и Студио за модерен балет „ГАЗЕЛИ“ Радовиш, под покровителство на градоначалникот на општина Радовиш г-н Герасим Конзулов ја организираат по шести пат традиционалната хуманитарна акција „Божиќна трпеза“ која ќе биде поставена на 03.01.2018 во просториите на Библиотеката „Браќа Миладиновци“ Радовиш од 12 часот, со обраќање на градоначалникот на општина Радовиш г-н Герасим Конзулов.

Основната цел на акцијата е да го мобилизираме духот на заедништво, толеранција, грижа не само за себе и сопствената егзистенција, туку и да се разбуди желбата за грижа кон другиот, потребата за делење и подарување. Знаеме дека Божиќ сам по себе е Молитва, дарување, милост, емпатија, простување, желба за мир и соживот. Затоа почитувани сограѓани да се учествува во оваа акција е лесно. При приготвувањето на храна за својата божиќна трпеза издвојте еден момент и сетете се дека има и такви на кои Божиќ им зависи од Вашата љубезност, великодушност и хуманост. Повикајте ги и своите пријатели да ни се придружат и со ситници да го разубавиме Божиќ и да им подариме радост и на оние на кои другите заборавиле. Доколку сакате да ја поддржите акцијата и се вклучите со каков и да е придонес тоа можете да го направите на следниот начин:
Божиќната трпеза ќе биде поставена на 03.01.2014 г. од 12 – 18 часот во просториите на Библиотеката „Браќа Миладиновци“ Радовиш каде ќе можете да ги донирате своите прехрамбени производи


Производите можете да ги донирате на три отворени пункта во периодот од 25.12.2017 – 03.01.2018 и тоа:
– Просториите на Студиото за модерен балет „ГАЗЕЛИ“ од 12-18 часот
– На ден 29.12.2017 во Центарот за култура од 17 – 21 часот кога ќе се одржи Хуманитарната Божиќна балетска претстава
– Библиотеката „Браќа Миладиновци“ Радовиш од 07-18 часот секој ден од 25.12.2017 – 03.01.2018 год.

Доколку сакате финансиски да ја поддржите акцијата тоа можете да го направите на следните жиро сметки:
Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ – Радовиш, ж-ска сметка: 240180000837324
со назнака: поддршка на акцијата „Божиќна трпеза“
БАК Газели – Радовиш ж-ска сметка: 290 000000840459 ТТК Банка
Кутии кои ќе бидат поставени на трите отворени пункта
За информации можете да се обратите на телефон кај:
Иванка Соколова 070 227 917
Изабела Ангелова 078 723 183

 

Женска-акција-Радовиш

Related Articles

Временска прогноза