РЕПРОЕКТИРАЊЕ НА ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА РАДОВИШ

Со поминувањето на времето градовите претрпуваат многу промени како последица на политиката, општеството, економијата и културата.

Некорисните јавни површини и објекти, односно сите простори кои изгубиле значење како дел од урбаниот пејсаж до степен на непрепознатливост создаваат една околина која претставува фактор кој влијае на активностите кои се случуваат. Сето ова е добар повод да се размислува за репроектирање на тие површини и објекти.

Магистерската работа на  архитектот Севџи Сејфединова, работена под менторство на доц. д-р Јован Ивановски од Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје се занимава токму со репроектирањето на централното градско подрачје на Радовиш.

1

Овој архитектонско-урбанистички проект претставува интегрирање на одделни фрагменти во кои се наоѓаат напуштени или недоволно искористени простори и објекти со цел да се создаде еден нов идентитет во централното градско јадро надополнувајќи го стариот.

Планскиот опфат претставува урбана оска низ најфреквентниот дел од градот Радовиш – центарот на која се нанижуваат трите главни содржини: Стоковната куќа, плоштадот, паркот и пропратните простори и места низ шеталиштето.

Ваквата физичка структура на објектите, подредувањето на објектите во низа во централното градско ткиво оформува јавен простор и дава континуитет и јасност. Објектите градени во својот период се карактеризираат со своите белези и се лесно препознатливи и претставуваат една силуета на објекти од различен период.

15

КОНЦЕПТ

Концептот на решението води кон создавање на еден континуиран правец на движење низ јавните простори на кои ќе се јавуваат различни активности, односно подобрување на физичката околина која претставува фактор за случувањето на активностите и нивното траење. Ваквото поврзување на одделните фрагменти (Стоковната куќа, плоштадот и паркот) преку добро структурирани патеки би создало нов идентитет на градот надополнувајќи го стариот, давајќи му јасна и живописна слика.10

Добро структурираната патека која денивелациите ги совладува преку рампи и нејзините пропратни патеки кои се во ист правец овозможуваат пристап и движење до сите фрагменти без никакво попречување. Преку самото искачување на топографскиот терен овозможени се јасни пејсажни визури кон околните јавни површини.

Секој простор протекува во шеталиште преку јасна линија односно знаеме дека јавниот простор завршува таму каде што почнува шеталиштето, но сепак континуираноста во партерното уредување и движечките патеки ни создаваат една интегрирана целина од три различни простори.

Model

Првично согледувајќи ги потребите за живот на жителите, активностите кои можат да се случуваат за да се задоволат социјалните потреби на луѓето, потоа местата кои постојат и на крај објектите кои го сочинуваат планскиот опфат и нивната програма и намена, доаѓаме до решение коe би создалo еден просторно функционален и естетски подобар простор од постоечкиот.

ПРОГРАМА И МОРФОЛОШКИ ПОСТАПКИ

Програмата на поединечните фрагменти претставува надополнување на постоечката преку разгледување на морфологијата на објектите кои се со одредена намена и функција со увидување на недостатоците на локацијата, нефункционалноста на некои од јавните објекти и недоволно искористените и напуштените простори.

ПОЕДИНЕЧНИ ТЕМИ И ПРОГРАМИ

Како поединечни теми се Стоковната куќа со јавниот простор околку неа, плоштадот „Свети Спасо Радовишки“, „Паркот на младите“ и шеталиштата измеѓу овие простори кои ги интегрираат во една целина.

СТОКОВНА КУЌА

Како прв фрагмент е Стоковната куќа која некогаш претставувала атрактивен објект и со својата функција им служел на жителите од целиот град, а денес претставува само една лоша слика, објект кој пропаѓа во најфреквентниот дел од градот.25

Во нејзиното репроектирање направена е врска со Електротехничкиот факултет, како и со целата поширока околина. Врската на поврзување со останатите јавни површини и факултетот е направена преку првичната главна пешачка патека од калдрма и поплочувањето во правец кон факултетот така што овие две јавни површини слободно би можеле да функционираат како еден вид комплекс од повеќе содржини односно факултет, стоковна куќа со трговски и угостителски единици, администрација и простории за спорт. Исто така во непосредна близина се јавува Центарот за култура во кој се одвиваат голем број настани во текот на целата година, а кој исто така е дел од овие јавни објекти кои функционираат секојдневно. Направено е ново партерно уредување, со надополнување на урбана опрема за седење и осветлување.

Што се однесува до програмата во самата Стоковна куќа првично како главна функција би претставувал пазар кој во текот на зимските периоди би можел да биде затворен, додека во текот на летниот период би  можел лесно да се отвори преку стаклените лизгачки панели и да претставува дел од надворешниот јавен простор, односно внатрешниот простор да стане дел од надворешниот.

Во приземјето покрај пазарот се јавува и угостителски објект – кафетерија, во подрумот се јавува простор наменет за спорт – теретана со гардеробери и дел за администрација, а на катот се јавуваат дополнителните мали трговски единици, ресторан и администрација.

Пристапот до Стоковната куќа е решен преку периметрално поставени скали околу целата Стоковна кои совладуваат ниво од 120 cm. Намената на овие скали е за пристап до нивото на Стоковната куќа и можат да се користат и како површини за седење.

Поплочувањето е решено со два вида материјали: бекатон и мермерни плочки.

Подземен паркинг

Подземниот паркинг е проектиран со цел да ги задоволи потребите за паркинг-простор на посетителите и жителите на градот од централниот дел на градот. Подземниот паркинг е сместен во задниот дел од Електротехничкиот факултет на простор на кој некогаш постоело игралиште за спортски активности, но денес претставува само еден напуштен и нефункционален простор. Вкупниот број на обезбедени паркинг-места изнесува 68 паркинг-места. Над подземниот паркинг поставено е игралиште за кошарка и простор за одмор и рекреација.

Плоштад

Плоштадот „Свети Спасо Радовишки“ претставува една јавна површина на која се одвиваат голем дел од јавните настани проследени со различни програми. Пешачката патека од калдрма исто така продолжува, односно поминува низ овој плоштад каде што се јавува едно надвишување кое патеката го совладува преку рампа, а кон другите страни е совладано преку скали. Променета е позицијата на сцената, како и нејзината неправилна геометрија со цел да се овозможи што поголема јавна површина која може да собира поголем број луѓе.

5

Скалите кои се јавуваат покрај рампата формираат еден атриум на кој исто така може да се проследат некои помали настани, а самите скали да служат како трибини за седење.

 „Парк на младите“

„Паркот на младите“ кој претставува завршна јавна површина на оваа централна урбана оска од јавни површини претставува надополнување и репроектирање на постоечкиот со цел да се надоврзе на целосниот концепт на овие јавни површини.

Централната патека од калдрма која завршува овде за разлика од другите делови добива една неправилност, искривување на патеката под агол со цел да ги опфати сите споменици, односно спомениците да лежаат на оваа главна пешачка патека.

24

Во  овој парк се јавуваат површини со ниско зеленило каде во делови се преклопуваат со постоечките и ново високо зеленило. Периметрално на овие јавни зелени површини се јавуваат параптени ѕитчиња на одредени делови обложени со дрво кои ќе служат за седење и одмор.

3

Главниот завршеток на оваа патека удира во контурата од некогашната џамија која е посебно третирана површина од гранит на која се поставени мали трибини за некој мал настан или соопштение и неправилно поставени клупи во вид на правоаголни дрвени волумени.

Шеталиште

Шеталиштата помеѓу овие три главни јавни површини (Стоковната куќа, плоштадот и паркот) претставуваат врска помеѓу нив која им дава континуитет. Покрај шеталиштата ваквата континуираност на нижење на овие површини е на една главна јасна патека од калдрма која е карактеристика на некогашното поплочување на градот.

Магистерската работа на  архитектот и автор: Севџи СЕЈФЕДИНОВА  

Извор: porta3.mk

15

Model

Model

About the author /


Related Articles

Временска прогноза