ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНЗУЛОВ РЕАЛИЗИРАШЕ ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА И ЗБРАТИМЕНАТА ОПШТИНИ ЧИНАРЏИК

Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов минатата недела беше во посета на Република Турција и збратимената општина Чинарџик. Оваа тридневна посета беше заедничка реализирана со Градоначалниците на општините Конче и Василево, заедно со делегации и претставници од овие општини.

Градоначалникот Герасим Конзулов имаше средби Градоначалникот на општина Чинарџик, Авни Курт,  со Градоначалникот на општина Ташкопру, Недред Гулен и Градоначалникот на општина Јалова Вафа Салман.

Преку оваа посета на Јалова, Чинарџик и Ташкопру кој се индустриски добро развиени општини Градоначалникот Конзулов и домаќините разговараа за искуства во областа на работењето, а беше и разгледана можноста за реализација на идни заеднички проекти. Исто така се разменија мислења од областа на туризмот и културата кој можат да се применат во нашата општина.

 

Општина Радовиш

Related Articles

Временска прогноза