Радовишки марифети: ЗЕЛНИК

Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и сомуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна.


Зелник

Потребни состојки:

500 гр. Брашно, 100 мл. Зејтин, ½ квасец, сол и шеќер За фил: 2 главици праз, 100 гр. ориз, мешан зачин, сол и бибер.
Најпрвин се подготвува филот. Во тава на оган се пржи ситно сечканиот праз, додека да омекне, а потоа го додаваме оризот, зачинуваме со сол, мешан зачин и мелен бибер. Тавата ја тргаме од огнот, а потоа го подготвуваме тестото.

Квасецот го раствораме со топла вода, додаваме малку шеќер и 3 лажици брашно, го мешаме додека да стане како каша и го оставаме да стаса. Брашното го сееме и го ставаме во подлабок сад, додаваме малку сол, масло за јадење, и го замесуваме со смесата од квасец. По потреба додаваме уште малку млака вода.

Замесуваме средно-тврдо тесто и го оставаме да поткисне малку, а потоа го размесуваме, го делиме на топчиња – секое топче е една кора за сукање. Потоа, сукаме три кори една по една – поголеми од тавата за печење. Ги ставаме една по една во тавата за печење и меѓу нив попрскуваме со масло за јадење.

На средината го ставаме филот од праз и го поклопуваме со две помали сукани кори. Од корите што излегуваат преку тавата за печење ги свиткуваме краевите навнатре формирајќи венец. Зелникот го попрскуваме со масло за јадење и го оставаме да отстои. Го печиме на температура од 200 С околу 30 минути (додека да зарумени).


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза