Радовишки марифети: РАДОВИШКИ МАЏУН

Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и сомуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна.


Проверете !

Потребни состојки:

1 тиква Печалка, 10 кг. бело грозје, ½ кило вар, шеќер и мескумбе

Подготовка:
Тиквата се става во варова вода да стои една ноќ, а грозјето 3 часа.

Пред варењето на маџунот, убаво се мијат од варта и се одваруваат 20 мин.

Потоа, се вари шербет од шеќерот и водата и се става тиквата да се вари, грозјето се става по еден час од варењето на тиквата во шербетот.

Се ставаат и 1 -2 лимонтуси.

При варењето маџунот се отпенуваи се попрскува со вода.

 

Маџунот се вари околу 4 часа,а е готов кога ќе стане густ, т. е, кога од лажицата капнуваме на чинија и се создава густа капка. На крајот се става еден исечкан лимон, превии по желба и мескумбе.Старскиот маџун има килибарна боја и мирис на мескумбе.

 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза