Радовишки марифети: НИШПЕДЕ

Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и сомуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна.


НИШПЕДЕ

Потребни состојки:
1кг брашно, 500 мл млака вода, и квасец, 1лаж. сол, 1 лаж .шеќер, се меси
меко тесто, па се одмара тестото околу 20 мин.

Подготовка:
Се прават 16 гозлемиња, се мачкат со зејтин и
пак се одмара околу 20 мин .Се зема од гозлемињата по две, се расукуваат посебно во округли кора со пречник 10 см. Се мачка едната со зејтин и се става другата врз неа, право се сука тенка кора колку што се може ,се попрскува зејтин
и се става фил.

Филот може да биде најразличен: измешано сирење и јајца, праз – испржен малку, колку само да омекне, спанаќ и сл.

Кората се завиткува по малку од двете страни и после се замоткува колку што е плехот и така сите кор и се редат во намрсен плех.

Кога ќе се наполни плехот, пак се попрскува со мал ку зејтин и пак се остава малку
да „одмори“ Нишпидето, па се пече во загреана релна на 200C.

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза