Денешниот натпревар од 16 коло во Втората фудбалска лига (Исток) помеѓу нашата Плачковица и штипска Брегалница, не личеше на дерби натпревар од втората лига.
Со судењето и грешките кои се случуваа од страна на делегираните лига за овој натпревар од страна на ФФМ можеме да констатираме дека уште подолго време гледачите нема да бидат присутна нашите стадиони, а ниту ќе имаме квалитетен фудбал.
Овие 90 минути судиите го имаа натпреварот во свои раце, а тоа се докажа и со целовремените свирежи и негации од страна на многубројната публика упатувајки ги кон нив. Секој што денес беше присутен на градскиот стадион во Радовиш, разочарано и со видна нервоза го проследија натпреварот.
Можеби ве интересира !
Инаку Брегалница поведе на почетокот на натпреварот со 1-0 и тој резултат остана до крајот на натпреварот, на средината од првиот дел ФК Плачковица остана без играч кој беше исклучен и целиот натпревар го одиграа со 10 фудбалери, а исто така на скоро секој прекршок се делеа жолти картони на нашите играчи.
Да се надеваме дека во федерацијата ќе ја проследат снимката и во нареден период нема да бидат делегирани вакви лица за кој што беа делегирани за денешниот натпревар.