Тестенините го намалуват индексот на телесна маса…

Според резултатите од неодамнешната студија спроведена од италијанскиот Институт Neuromed, тестенината, покрај тоа што ве прави потенки, исто така го намалува индексот на телесна маса  (BMI).

Студијата вклучила 23.000 Италијанци и Италијанки на возраст од 18 години и ги следела нивните навики во исхраната. Врската помеѓу честата консумација на тестенини и прекумерната тежина не е пронајдена. Наместо тоа, научниците дошле до заклучок дека луѓето што јадат често тестенини, имаат понизок индекс на телесна маса, помала половина и колкови од оние кои ретко јадат тестенини.

Сепак, според италијанските студии, Италијаните кои сакаат да јадат тестенина и често ја консумираат, тие повеќе се насочени кон медитеранската исхрана. Имено, тие се потпираат на добрите масти, како маслиновото масло и јадат многу зеленчук и производи од цели зрна. Факт е дека Италијаните претпочитаат тестенини како предјадење, што значи дека нејзината консумација е ограничена на помали количини. Како главни оброци, тие избираат полесни намирници, а оброкот го завршуваат со салата.

На крајот на краиштата, најважно е да се држиме до основните и единствените правила – консумирај сè, но по малку и во умерена количина. Не се откажувајте од шпагети, ригатони или макарони, но внимавајте да ја консумирате и останатата лесна и разновидна храна.

Прекрасни макарони со многу зеленчук

Потребни состојки:

  • 450 г вртени макарони
  • 1 црвена пиперка
  • 150 г брокула
  • 150 г свежи шампињони
  • 5 чешниња лук
  • микс од зачини
  • сол
  • црн пипер
  • 25 г пармезан
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

1. Сварете ги макароните.
2. Во меѓувреме, измијте ја и исечкајте ја пиперката.
3. Исечете ја брокулата на мали цветови. Оставете ги цветовите во солена топла вода 5 минути, па тоа извадете ги и оставете ги врз крпа да се исцедат.
4. Измијте ги печурките во сад со ладна вода. Извадете ги од водата и нив оставете ги да се исушат. Потоа исечете ги на ситни парчиња.
5. Исечкајте го лукот на тенки парчиња.
6. Загрејте тавче на средна топлина. Во него додадете маслиново масло и лукот. Пржете додека лукот не омекне.
7. Пред лукот да стане кафеав, додадете ги печурките. Пржете ги печурките додека не добијат кафена боја и додека не се подисушат.
8. Потоа додадете ја пиперката и ставете сол по вкус.
9. На крај додадете ја брокулата. Не пржете ја премногу.
10. Потоа додадете ги сите зачини.
11. Тргнете го тавчето од оган и претурете го пржениот зеленчук во еден сад.
12. Во истиот сад ставете ги макароните, додадете малку маслиново масло и убаво измешајте ги.
13. Потоа истурете поголемо количество пармезан и измешајте повторно.
14. Сервирајте ги топли или ладни, со пармезан одозгора.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

Related Articles

Временска прогноза