Денес во Спортската сала на ООУ „Крсте П. Мисирков“ се одржа Државното првенство во Гимнастика за ученици од Основните училишта на Македонија.
Преку 100 дечиња од 30 различни училишта во Македонија од градовите Радовиш, Скопје, Битола, Струмица, Кавадарци, Прилеп и др. учествуваа во натпреварите во спортска гимнастика.
Нашиот град беше претставен со 18 ученици-гимнастичари.
Организатор е Општинскиот сојуз на училишни спортови Радовиш и Федерацијата на училишни спортови на Македонија.