Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и сомуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна.
Дроб сарма во кајца
Потребни состојки:
0,5 гр. црн јагнешки дроб, 300 гр. бел јагнешки дроб, 1 јагнешка марамица, 200 гр јагнешки цревца.
Подготовка:
Белиот дроб и цревцата се варат заедно, црниот дроб посебно се вари. Сварени цревцата се мијат со сол. Се сецкаат ситно. Се пржи на ситно исецкани 3 главици кромид, кога ќе омекне му се додаваат дробот и цревцата 1 чаша (250 гр. ) ориз, малку сол, црвен и црн пипер по вкус, вегета, и 1 јајце.
Сета смеса се става во јагнешката марамица на дното од садот, а може и во неколку топчиња да се завитка зарјето во кајца.
Се залива со зовриена вода и се пече. По желба, сармата може да се полие и со 3-4 јајца.
Се служи со кисело млеко.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови