СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ СО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА 6-ТА СЕДНИЦА

Советот на општина Радовиш денес го одржа продолжението на 6 седница на која се работеше со 8 останати точки од дневниот ред.

 

На оваа продолжение од седницата беше разгледан Извештајот за состојбата во областа на јавниот ред и мир и безбедноста на сообраќајот на подрачјето на ПС Радовиш, беше разгледан Годишниот извештај на ЈП Плаваја за реализација на програмата за одржување на гробиштата во Радовиш. Исто така беа разгледани Предлог-одлуки за давање согласност на Годишниот план  за вработување во ООУ „Орце Николов“ и ООУ „Кирил и Методиј“.

На оваа седница исто така беа разгледани и усвоени Извештаите од работните тела на Советот на општина Радовиш.

Oпштина Радовиш

About the author /


Related Articles

Временска прогноза