РК Радовиш забележа уште една победа, овој пат против екипата на Металург 2. Во овој натпревар нашата екипа со резултат од 29:24 ја забележа својата седма победа во низа.
Дуелот од третото коло за нашиот тим беше рутински одигран уште од стартот направија серија 16-12 во првиот дел. Гостите се доближија на – 1, 21-20 во вториот дел, но немаа сили за пресврт и мечот заврши со победа.
Ивица Илиев беше најефикасен со 12 голови, Мајиќ даде шест, додека Ѓорѓиев пет. Кај гостите Стефан Додиќ со 9 погодоци.
Радовиш е сигурен на првото место со 32 бодови, а Металург 2 е втор на табелата со 16 бодови.
РК Радовиш – РК Металург 2 29:24 (16:12)
РК Радовиш: Паунов, Илиев 12, Марков, Трајанов, Долдуров 2, С.Ѓорѓиев 5, Постолов 1, Соколов 1, Спасов, Ј.Ѓорѓиев, Ристов 2, Мајиќ 6, Б.Јованов и Г.Јованов. Седмерци: 6/7. Исклучувања: 14 минути.
РК Металург 2: Василевски, Гошевски 3, Л.Додиќ, Савковиќ, С.Додиќ 9, Богдановски, Младеновиќ 3, Божиновски, Прцуловски, Кондев 1, Митиќ 3, Ристовски 1, Костески 2 и Кофиловски 2. Седмерци: 3/3. Исклучувања: 4 минути.
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје.
Делегат: Русе Наумовски од Скопје.