Од понеделник внимателно на патот Радовиш-Штип, почнуваат градежни работи
Oд понеделник, 21 мај, почнува изградбата на експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари) – Бучим (км 5+000 до км 28+560). Од АМСМ апелираат до сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето градежни активности.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.