Нашиот еминентен македонски поет Борче Панов, којшто живее и работи во Радовиш, по покана од Меѓународниот книжевен фестивал „Свето слово„, од 15 до 18 Мај престојуваше и учествуваше на овој познат книжевен фестивал во Бургас.
Инаку на овој меѓународен, сесловенски поетски фестивал учествуваат само најпознатите поетски имиња од словенските земји: Русија, Полска, Украина, Чешка, Хрватска, Србија, Словенија и Бугарија. Фестивалот постои веќе 12 години, а мотото му е „Светото слово„ на браќата Кирил и Методија, коешто нè обединува.
Инаку, организатори на овој познат европски книжевен фестивал се: општината Бургас, Читалиштето Љубен Каравелов, Друштвото на пистаелите на Биргас и РЕКИЦ„Читаишта„.
Борче Панов, воедно беше и гост на Друштвото на писателите од Бургас, коишто и порано, ја имаат преведувано и објавувано неговата поезија. Во тој контекст, во реномираното книжевно списание за уметност и критика „МОРЕ„ објавен е прилог со дел од неговото творештво.
При престојот во Бургас, поетот Борче Панов имаше неколку книжевни настапи пред публиката нво Бургас, Несебар и островот Св.Атанасија, а еден целосен прилог со неговата биографија и пет негови песни беа објавени во дневниот весник „КОМПАС„. Воедно Борче Панов, имаше и две интервјуа од кои едно за Бугарската национална телевизија БНТ 2, како и за националното бугарско радио. Низ овие интревјуа, покрај презентацијата на своето творештво, тој ја нагласил и важноста од постоењето и долгата традиција на Карамановите поетски средби во Радовиш, коишто повеќе од 5 децении се книжевен мост на Радовиш и Македонија со Европа и светот.
Инаку, поетот Борче Панов, на поетскиот митинг одржан на островот Св. Анатсасија беше награден за најдобра песна прочитана на фестивалот, а од губернаторот на островот Павлин Димитров доби Повелба со која беше прогласен за островјанин на Св. Анастасија.
Учеството на Борче Панов на Свето слово во Бургас, во едне дел, беше поддржано и од Советот и градоначалникот на општина Радовиш во рамките на Правилникот за поддршка на врвни уметници и спортисти од Радовиш.