Денес во салата за состаноци на Општина Радовиш се одржа работен состанок на претставници на Општина Радовиш, претставници на образовните институции во општината и претставници на здруженија на граѓани со претставници од организацијата “Мировен Корпус“ од Соединетите Американски Држави.
На состанокот присуствуваа високи претставници и волонтери од организацијата “Мировен Корпус“ од Соединетите Американски Држави.
Исто така на состанокот беа презентирани можностите за аплицирање и одобрување на волонтер од организацијата “Мировен Корпус“ од Соединетите Американски Држави.