Ракометарите на РК Радовиш во последниот натпревар за оваа сезона супериорно покажаа дека местото им е во оваа лига и следната сезона ќе бидат едни од кандидатите за Плеј оф завршницата.
Тие на домашен терен во петокот го совладаа ГРК Борец од Велес со резултат 39.33, полувреме 21-11.
Овој натпревар беше само формален за двете екипи бидејки го обезбедија опстанокот во Суперлигата за следната сезона. Во првиот дел тренерот Мијалов им даде шанса на најдобрите ракометари, а додека во вториот дел, играа младиците.
Најдобри кај домашните беа Божидар Симиќ и Ивица Илиев со по десет голови, додека кај Борец, Филип Николов со седум погодоци, а по четири дадоа Антонио Јаневски и Кристијан Ристов.
1 Comment
YjqStBUgJasimT
02/07/2024 at 00:35TrgohltLWP