„Трошки надеж“ е театарска претстава во изведба на ученици од струмичката гимназија „Јане Сандански“.
Сценариото го напиша ученичка од четврта година Викторија Панова, а во тоа и помогнаа и соученичките Моника Котева и Надица Трајкова под менторство и режија на професорката по Драмска уметност, Ѓургица Костадиновска.
Претставата премиерно беше изведена на 28-ми април на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица.
А публиката во Радовиш ќе може да ја погледне на 01.06.2018 (Петок) со почеток од 19.00 часот.
Актери:
Викторија Панова
Моника Котева
Иван Иванов
Надица Трајкова
Камелија Каламерникова
Дијана Митрова
Ѓорѓи Арабаџиев
Тоше Делев
Виолета Соларова
Наталија Ристова
Магдалена Данилова