10 И 50 ДЕНАРИ – ОД ДЕНЕСКА НОВИ БАНКНОТИ

Од денеска почнува употребата на полимерните (пластични) банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 денари.

Од денот на влегувањето во оптек на полимерните банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 денари книжните банкноти во истата вредност веќе нема да бидат законско средство за плаќање и започнува процесот на нивна замена, што ќе трае до 15 мај следната година.


Тие ќе може да бидат заменети во сите банки за нови полимерни банкноти или ковани монети во еквивалентен износ. Следната година овие стари банкноти ќе може да се заменат само во НБРМ.

 

Со ова Македонија ќе биде на мапата на државите чија централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута. Полимерните банкноти почнуваат со употреба во 1988 година, и тоа во Австралија, денес се употребуваат во над 20 држави, меѓу кои во Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Малдиви, Романија.

Related Articles

Временска прогноза