МАКЕДОНИЈА ДОБИ УШТЕ ОСУМ „МАСТЕР ТРЕНЕРИ“, ЕДНИОТ Е РАДОВИШАНЕЦ

Македонија има вкупно 13 ракометни тренери со „Мастер тренер“ лиценца откако на петте тренери им се придружија уште осум кои полагаа во Загреб.

Тие го одработеа и третиот Модул кој им беше потребен за да успеат да се стекнат со оваа диплома и на тој начин дојдоа до можност да водат и клубови и репрезентации на највисоко ниво.

Македонија на овој модул 3 во Загреб ги имаше Симе Симовски, Александар Јовиќ, Аце Станковски, Никола Матлиески, Владимир Глигоров, Александар Петровски, Благојче Весиќ и Душко Кландев.

Тие им се придружија на Стевче Алушовски, Данило Брестовац, Звонко Шундовски, Андон Бошковски и Борче Марковски на списокот на „Мастер тренери“ со што се зголеми бројката на тренери од Македонија со највисоката лиценца.

Како изгледаше полагањето во Загреб, каде што секој бранеше своја тема можете да погледнете во продолжение.

Фото: Фејсбук (Udruga trenera HRS) ,Извор: 24rakomet.mk

About the author /


Related Articles

Временска прогноза