ОДРЖАН ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ

Со однапред позната траекторија со две главни места и тоа: Паркот на млади и плоштадот св.Спасо Радовишки се одржа третиот по ред Општински натпревар по прва помош во организација на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Радовиш, а под покровителство на Општина Радовиш.

На натпреварот земаа учество пет екипи составени од по шест члена.

Сите екипи изминатиот период работеа на зададени суппозиции со претходно одредени ментори-лекари ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш и ПЗУ прим.Д-р Андон Кочев.

Најдобра беше екипата на Клубот на млади при Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Радовиш.

Со организација на овој настан се надеваме на остварување на нашите цели, како и добар пласман на Државниот натпревар кој оваа година ќе се одржи во Кичево-рече Секретарот на оваа Општинска организација Верица Беќарова.

Related Articles

Временска прогноза