Почитувани корисници жители на градот Радовиш,
Почнувајќи од Четврток 5 Јули 2018 година во текот на ноќните часови од 22.00 до 05.00 часот наутро ЈП„Плаваја“ ќе започне со перење на улиците со цистерна со млазници.
Предвидени улици кои ќе се перат се:
1. Ќеј „8 Септември“ од двете страни од локација на спортска сала до „Бриони“,
2. Улица „Свети Спасо Радовишки“ од спој со улица „Илинденска“ до спој со улица „Чеде Филиповски-Даме“ (поранешна зграда на ЗИК),
3. Улица „Илинденска“ од спој со ќеј „8 Септември“ до спој со улица „Свети Спасо Радовишки“,
4. Улица „22 Октомри“ почнувајќи од плоштадот „Свети Спасо Радовишки“ до спој со булевар „Александар Македонски“,
5. Улица “Илија Алексов“ од спој со ќеј „8 Септември“ до мост на река Марлада и
6. Повремено ќе се врши перење и на улицата „Плачковица“ во зависност од преостанатото предвидено работно време.
ГИ ЗАМОЛУВАМЕ ГРАЃАНИТЕ КОИ ЖИВЕАТ НА НАВЕДЕНИТЕ УЛИЦИ ДОКОЛКУ ПОСЕДУВААТ СОПСТВЕНИ ГАРАЖИ СВОИТЕ ВОЗИЛА ДА ГИ ПАРКИРААТ ВО НИВ ЗА ДА СЕ ОВОЗМОЖИ ПОГОЛЕМА ПОВРШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ И ДА НЕ ДОЈДЕ ДО НЕСАКАНИ ОШТЕТУВАЊА НА ВОЗИЛАТА ПРЕДИЗВИКАНИ ОД НАНОСИТЕ НА УЛИЦИТЕ.
—
ЈП „ПЛАВАЈА“