КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА СО 27 ДАРУВАЊА НА КРВ

Во вторникот во просториите на Општинска организација Црвен крст Радовиш се одржа крводарителска акција на која крв даруваа 27 дарители од Радовиш и околината.

Факти за крводарувањето:
-Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
-Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
-Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
-Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
-Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
-Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
-На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
-Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација

 


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза