Во сабота ќе биде одиграно последното коло од есенскиот дел на превенството во Втората фудбалска лига на Македонија.
ФК Плачковица последниот натпревар го игра на домашен терен против екипата на ФК Партизан од Обршани, теминот за одигрување е 13.00 часот. Од Управата на ФК Плачковица упатуваат покана до љубителите на спортот и фудбалот да дојдат и го проследат овој натпревар на нашата Плачковица.
Детонитци последното коло во сабота ќе го одиграт на гостински терен во Пехчево, против фаворизираната екипа на ФК Кит-Го. Нашите фудбалери најавуваат еден интересен натпревар каде што до максимум ќе го дадат своето за да дојдат до посакуваните бодови. ФК Детонит после лошиот старт на првенството зад себе има две последователни победи, и веруваме дека и во овој натпревар ќе одиграт како последните два натпревари.
Девојките од Женскиот фудбалски клуб Плачковица исто така на домашен терен во Недела ќе го одиграт последниот натпревар со почеток од 13.00 часот. Новоформираниот ЖФК Плачковица кој постои само неколку месеци оваа сезона се натпреварува во Првата Македонска женска фудбалска лига.