ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ОД „ПОРАКА“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНАТА

Денес во посета на општина Радовиш беа дел од штитениците-лицата со посебни потреби од дневниот центар „Порака“ од Радовиш.

Градоначалникот Герасим Конзулов имаше прием на овие штитеници и нивните родители, старатели, каде што беше разговарано за проблемите со кои се соочува овој дневен центар и тековните активности и проекти кои ги опфати овој дневен центар.

Општината излезе во пресрет на барањето од страна на „Порака“ за зголемување на моќноста на електричната енергија со нов приклучок од ЕВН и регулирање на греењето во овој дневен центар.

Корисниците од „Порака“ оваа зима ќе ја дочекат во комплетно затоплени простории.

 

 

Извор: Општина Радовиш

 





 

Related Articles

Временска прогноза