ШЕСТО НОЕМВРИСКИ ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРНИР ПОМЕЃУ ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Во склоп на Програмата и празнувањето на 6-ти Ноември-денот на ослободувањето на градот Радовиш, традиционално и денес се одржа Турнирот во мал фудбал помеѓу основните училишта од нашата општина.

Признанијата и пехарите на најдобрите им ги доделија Градоначалникот Герасим Конзулов, Претседателот на Советот Коле Чаракчиев и претседателот на Комисијата за култура, образование и спорт Ристо Спасов.


На овој турнир учествуваа општинските училишта: Крсте П. Мисирков, Никола Карев, Орце Николов, Коста Рацин и Кирил и Методиј.

Најуспешна беше екипата на ООУ Крсте П. Мисирков која го освои првото место, втори беа учениците од ООУ Коста Рацин од Подареш, а третото место го освоија учениците од ООУ Кирил и Методиј од Ораовица.

Резултати:
Крсте П. Мисирков – Никола Карев 4:3 
Коста Рацин – Орце Николов 2:1 
Слободна беше екипата Кирил и Методиј
Крсте П. Мисирков – Кирил и Методи 2:0

Финале: 
Крсте П. Мисирков – Коста Рацин 6-1

Прво место: Крсте П. Мисирков
Второ место: Коста Рацин, Подареш
Трето место: Кирил и Методиј, Ораовица





 

 

Related Articles

Временска прогноза