РК Радовиш забележа уште една значајна победа во натпреварот од 10-то коло во Супер ракометната лига на Македонија, денес во Радовиш беше совладана екипата на РК Вардар Јуниор.
Ова беше една одлична игра на нашите ракометари со цврста одбрана особено во вториот дел од натпреварот, и големата ефикасност на нашиот прв стрелец Ивица Илиев кој постигна 13 погодоци.
Тренерот Љупче Мијалов во второто полувреме им даде и шанса на нашите млади ракометари кои исто така одиграа цврсто и борбено постигнувајки голови.
РК РАДОВИШ – РК ВАРДАР Јуниор 31-19 (16-13)
Табела