СОНЧЕВАТА ЕЗЕРСКА НАСЕЛБА ,,МАНТОВО” ЌЕ ДОБИЕ ПАТНА МРЕЖА

ЌЕ СЕ ГРАДИ ПАТНА МРЕЖА ВО СОНЧЕВАТА ЕЗЕРСКА НАСЕЛБА ,,МАНТОВО” КАЈ КОНЧЕ – УТВРДЕНИ ПРИОРИТЕТИТЕ НА ЈУГОИСТОКОТ ЗА 2019 !

Советот на градоначалници при Југоисточниот плански регион ги утврдија прироритетните проекти за реализација идната година со средствата од Програмата за рамномерен регионален развој, за што Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе аплицира за средства во Бирото за регионален развој.

Градоначалниците на сите 10 општини на седницата во Конче дале едногласна подршка на четирите ТОП проекти кои се во интерес на подобрување на условите за живот и економски развој на локалните заедници а со тоа и на Југоистокот а два ќе бидат на резервната листа, со цел намалување на разликите во развојот на општините

Како прв приоритетен проект е избран ,,Подобрување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион преку изградба на патна инфраструктура во Сончевата езерска населба ,Мантово,, општина Конче. Таму се планира изградба на улици со цел полесен пристап и искористување на потенцијатлите што ги нуди ова езеро. Овој проект ќе чини околу 11 милиони и 800 илјади денари

Прилог: Ване Трајков – Телевизија ВИС

 

 






Related Articles

Временска прогноза