„ЗЕЛЕНА НАФТА” ЗА ПРОЛЕТНАТА СЕИДБА

Јавниот оглас за изработка на банкарските картички со кои земјоделците ќе можат да купуваат 30 отсто поевтина т.н. „зелена нафта“ за механизацијата ќе биде распишан наскоро, сооштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Мерката ќе опфати 55.000 производители, а ќе ја спроведува Платежната агенција, преку наменски, типизирани трансакциски сметки и посебни дебитни картички од банки.

 „Јавниот оглас за јавна набавка на картичките ќе биде распишан наскоро. Всушност, од овој месец почнува печатењето на картичките. По изборот на банка имплементатор, во соработка со подрачните единици на МЗШВ и банката, ќе се соберат барањата за аплицирање за „зелена нафта“ и барањата за отворање наменска дебитна картичка по формулар пропишан од банката.

Отворањето на наменските земјоделски сметки за картички што ќе се користат за „зелена нафта“, зависно од логистичкиот капацитет на банката имплементатор, ќе биде не повеќе од еден месец“, информираат од МЗШВ.

 


 

 



 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза