„НАЗДРАВЈЕ 1000 ГОДИНИ РАДОВИШ“-Започна програмата од Јубилејот „1000 години Радовиш“

Во средата, во Центарот за култура „Ацо Караманов“ со одржа манифестацијата „НАЗДРАВЈЕ 1000 ГОДИНИ РАДОВИШ“ со која и официјално започна програмата од јубилејот – 1000 години од првото пишано спомнување на Радовиш како рано средновековно гратче, во грамотата на Византискиот император Василиј Втори.

Во склоп на манифестацијата најпрвин беше презентирано посланието – милениум со акценти од најважните аспекти од историјата и опстанокот на Радовиш.

Свој прекрасен настап имаа и Ансамблот „Распеани Радовишани“, а исто така во текот на вечерта беа изведени и композициите кои беа наградени по јавниот конкурс кој претходно беше распишан од страна на Центарот за култура „Ацо Караманов“.

По изведбата на композициите, од страна на претседателот на комисијата – професорот Стојан Стојков, беа доделени признанијата на наградените композиции и тоа: за освоена трета награда – признание беше доделено на композицијата „РАДОВИШ ПЕСНО СТАРА“ на композиторот Александар Арабаџиев, како и две рамноправни признанија за освоена втора награда на композициите „РАДОВИШ Е САМО ПЕСНА“ компонирана од кантавторот Јовица Илиќ и композицијата „ОВА Е РАДОВИШ“ компонирана од бендот „ТРОЈА“.

На крајот, со заедничка здравица, организациониот одбор на сите граѓани им го честита јубилејот 1000 години од првото пишано спомнување на Радовиш, посакувајќи им многу здравје и да уживаат во целогодишната програма.

 



 

 

 




 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза