2019 година, општина Радовиш одбележува значаен јубилеј од своето минато – 1000 години од првото пишано спомнување на Радовиш како рано средновековно гратче, во грамотата на византискиот император Василиј Втори.
За таа цел, во соработка со општинските, културни и образовни установи, како и со здруженијата на граѓани од областа на културата и еминентните уметници од нашиот град, подготвивме програма со која ќе го одбележиме овој значаен јубилеј.
Ќе бидат понудени разни содржини од музичко-сценските уметности, драмската и книжевната уметност, ликовната уметност, а ќе бидат понудени и многу фолклорни и традиционални бисери, или со еден збор многу атрактивни културни содржини со кои се надеваме дека ќе го подигнеме нивото на културното живеење во нашата општина, а со тоа и сите заеднички ќе го промовираме Радовиш, како општина со богато културно-историско наследство.
Дел од содржините во оваа програма се веќе традиционални и познати на пошироката јавност, но одреден дел се нови содржини со кои ќе го одбележиме значајниот јубилеј.
Се надеваме дека оваа година ќе биде посебна за сите нас и заеднички ќе допринесеме за културниот развој на нашата општина.
Со почит !
Општина Радовиш