ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМА И ШУМСКО ЗЕМЈИШТЕ

Поради појавата на шумски пожари се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната започнува да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино
отповикување.

Оваа забрана  не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми,  шуми со специјална намена споменици на природата и сл).За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
Исто така, се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, сочласно член 23 од Законот за ловството и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството  се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.
Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП Национални шуми, субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми,  шуми со специјална намена споменици на природата и сл) кои вршат дејност заштита, МВР, Шумска Полиција, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Државниот инспекторат за животна средина и други инспекторати до слична надлежност.

Забраната не важи за движење во парк шумата Водно, Гази Баба како и за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, Националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена во Република Северна Македонија кои ќе бидат одобрени со дозволи од соодветните субјекти кои стопанисуваат / управуваат со шумите во придружба на преставник од истите.

 

 

 

 



 

 




 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза