ОПШТИНА РАДОВИШ СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ – „ДА НЕ СЕ ПАЛИ ОГАН НА ОТВОРЕН ПРОСТОР И НА НЕОБЕЗБЕДЕНИ МЕСТА“

             
Територијата на нашата држава се соочува со зачестеност на полски и шумски пожари кои се помогнати од зголемувањето на температурите и сушниот период, а човечкиот фактор е посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуват животната средина се закануваат и по животот на граѓаните.

Општина Радовиш  упатува предупредување  и апел до сите лица кои работат или се движат на отворен простор, особено на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетна сеидба и се палат отпадоци и стрништа на нивите:
– Да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места
– Да не се палат стрништа, земјоделски и други површини
– Да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал
– Да не се фрлат отпушоци од цигари и догорчиња.

Доколку се забележи пожар на отворен простор, граѓанска должност на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции. Од брзината и точноста на информациите зависи и успехот на акцијата за гасење и контрола на пожарот.
Доколку се затекнати лица кои палат оган на отворен простор, односно предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, истите ќе подлежат на високи законски санкции.


195 – РЦУК  -Регонален центар за управување со кризи

193 – ТППЕ – Територијална противпожарна единица

192 – Полиција

632-274 – РЦУК Радовиш

635-397 – ТППЕ Радовиш

634-105 – МВР ПС Радовиш

617-700 – Општина Радовиш


Извор: Општина Радовиш

 



 

 




 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза