Денес, со почеток од 12, 00 часот беше отворена традиционалната Велигденска изложба во Центарот за култура „Ацо Караманов„ Радовиш. На изложбата учестуваат сите општински основни училишта од општина Радовиш, како и трите градинки од ЈОУДГ Ацо Караманов Радовиш и децата од дневниот центар „Порака„
Изложбата ја отвори градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, којшто воедено е и покровоител на оваа манифестација, којашто годинава одбележува во рамките на општинската програма во чест на големиот јубилеј – 1000години Радовиш.
Градоначалникот Конзулов го искажа своето големо задоволствфо од преккрасните велигденски креации, а заедно со дечињата ја упати и Велигденската порака до сите граѓани на општина Радовиш.
На оваа богата изложба се поставени прекрасни велигденски креации изработени во сите ликовни техники, а посебен печат на иложбата и дадоа и дечињата – млади поети коишто ги прочитаа своите поетски творби во чест на големиот Велигденски празник.
Изложбата ќе биде отворена за сите денови на Велигден, а организаторот на изложбата – Центарот за култура Ацо Карманов – Радовиш ќе додели повеќе награди за сите учесници и во изложбата и за најдобрите поетски творби прочитани и пристигнати до организаторот.