Денес во Центарот за култура „Ацо Караманов“ се одржа советување на тема : Јазикот и книжевноста во наставата во основното образование низ призма на списанијата за деца „Росица”, „Другарче”, „Развигор” и „Наш свет”.
Иницијативата, организацијата и реализацијата на оваа активност во правец на професионалниот развој на воспитно-образовниот кадар во општина Радовиш дојде исклучиво како резултат на потпишаниот меморандум за соработка на издавачката куќа „Просветно дело” со Општина Радовиш, при што „Просветно дело”, во соработка со Филолошкиот факултет при УГД Штип, ангажираше предавачи, обезбеди печатен материјал и сертификати кои беа доделени на слушателите, со цел да се овозможи целосно бесплатно стручно советување и усовршување.
На советувањето присуствуваа повеќе од 150 слушатели и тоа: одделенските и предметните наставници од сите општински основни учлишта од прво до деветто одделение и воспитувачите од детската градинка во Општина Радовиш.