Вчера во 03 часот и 15 минути на регионалниот пат Радовиш – Штип, пред село Лакавица, штипско, полициски службеници запреле патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице од Скопје, а во кое се превезувале тројца мигранти од Еритреја.
Возачот и мигрантите биле приведени во СВР Штип за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.