ОД 1 ЈУЛИ ПОЧНУВА ВРАЌАЊЕТО НА ДДВ КОН ГРАЃАНИТЕ

Од 1 јули се очекува да почне мерката поврат на 15% од платен ДДВ кај граѓаните, со предлог-законот кој беше усвоен на последната седница на владата и доставен на усвојување во Собранието.

Можноста за поврат на дел од ДДВ-то ќе биде достапна за сите граѓани на Македонија кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП, и кои од 1 јули ќе ја преземат одговорноста редовно да си ги земаат фискалните сметки на продажните места, а потоа и да ги скенираат преку мобилен телефон.

Од 1 јули, фискалните сметки веќе нема да претставуваат парче хартија коешто ќе ги потсетува граѓаните само на парите коишто ги потрошиле, туку и на парите коишто ќе им се вратат, рече Луаревска и потенцираше дека апликацијата „Мој ДДВ“, дозволува скенирање само на валидни фискални сметки“.


Кој ќе има право да ја користи оваа можност?

Сите граѓани постари од 15 години со валидна лична карта или пасош, издадени од надлежен орган на Македонија. Треба да бидете регистрирани на електронскиот систем на УЈП за физички лица и да имате трансакциска сметка на сопствено име.

Како ќе се прави повратот?

Преку скенирање на бар кодовите на фискалните сметки, со мобилни телефони, со користење на посебна апликација, развиена од Управата за јавни приходи. Скенирањето треба да се направи најмногу во рок од 10 дена од датумот на издавање на сметката. Ова е најлесниот начин да ја користите можноста, со цел да не чекате редови и да немате застој во скенирањето.

Од кога почнува повратот?

Од почеток на јули 2019. Првата исплата ќе биде во декември 2019. Парите ќе бидат префрлени директно на сметка на граѓаните. Потоа, исплата ќе се врши секој февруари/мај/август/ноември, за изминатите три месеци.

Колку пари се враќаат кај граѓаните?

Доколку граѓаните ги бараат сите сметки, со мерката се очекува дека ќе им бидат вратени најмногу 50 милиони евра годишно. Максималниот износ на поврат за едно лице ќе изнесува 1800 денари за три месеци. За четиричлено домаќинство, враќањето на ДДВ ќе изнесува најмногу 28.800 денари годишно;.

Поврат на овој начин ќе се врши само за граѓаните, а не и за претпријатијата. Важи само за ДДВ содржан во фискални сметки, не и за ДДВ од фактури и сметки со сметко-потврда. Може да се користи само за фискална сметка до износ од 30.000 денари и нема да важи за сторнирани фискални сметки.

AMADEUS @Базен Д Клуб Радовиш

АМАДЕУС БЕНД – Мега концертОтварање на Летната сезона „Комплекс #ДКлуб“22.06.2019 година.Влезниците веќе се во продажба!Информации 032634454, 078868782

Gepostet von Рибен Ресторан Д Клуб – The Club – Радовиш am Freitag, 17. Mai 2019







 






 

 



 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза