ОТВОРЕНА „МЕЃУНАРОДНАТА РАДОВИШКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА“

Како дел од програмата на јубилејот „1000 ГОДИНИ РАДОВИШ“, денес 10.06.2019 год. (Понеделник), во Центарот за култура „Ацо Караманов“ на свечен начин беше отворена четвртата по ред „Меѓународна радовишка ликовна колонија Св.Георгија 2019“.

Под покровителство на општина Радовиш, а во организација на Друштвото на ликовни уметници од Радовиш „РАДА“, на оваа меѓународна колонија учество ќе земат повеќе од 20 врвни ликовни уметници. Од странство ќе учествуваат уметниците: Махпејкев Јунсел и Нурхан Јунсел од Турција, Олга Панкина и Ирина Черњавски Шантиќ од Русија, Динко Ненов, Теодора Петрова, Стојан Лазаров и Данчо Глигоров од Бугарија, Иван Вања Милановиќ од Србија. Од нашата земја своите ликовни креации во рамките на колонијата ќе ги создаваат академските сликари: Миќи Трендафиловски, Христина Стојчевска, Драги Хаџиниколов, Горан Боев, Новица Трајковски и Андријана Мациев како и уметниците од ДЛУР РАДА од Радовиш: Коцев Душан, Тарабунов Крсте, Крстев Маријан и Поцева Зорица.

Меѓународната колонија ја отвори Секретарот на општина Радовиш Драги Стојанов, посакувајќи им срдечно добредојде и пријатен престој на сите уметници во Радовиш. Отварањето го збогатија и прекрасните звуци отсвирани од нашите музичари Тоше Поплазаров и Мартина Газепова.

Веднаш потоа беше отворена изложбата на познатата македонска академска сликарка Андријана Мациев, за која зборуваше поетот Борче Панов истакнувајќи дека се работи за врвен графичар.

Ликовната колонија ќе се реализира на манастирскиот комплекс „Св.Георгија“ во с.Ораовица а ќе биде отворена до 16-ти Јуни кога е предвидено нејзино свечено затварање, при што сликите ќе бидат изложени за време на празнувањето на денот на ослободувањето на општина Радовиш, 6 ти Ноември.

 

 

 





 


 


 

 



 





About the author /


Related Articles

Временска прогноза