Радовишани имаа можност да уживат во уметноста на уличниот баскет во изминатите две недели. Овој турнир кој се играше на спортскиот терен во ООУ „Никола Карев“ предизвика големо внимание кај нашите сограѓани.
„STREETBALL 3X3“ е традиционален турнир кој го организираше Здружението „Баскет Спорт“ од Радовиш, а беше под покровителство на општина Радовиш, воедно признанијата беа доделени од страна на Градоначалникот Конзулов.
Шеснаесет екипи учествуваа на овогодишниот турнир поделени во 3 категории: од VII до IX одделение, гимназија и категоријата – Сениори.
Во неделата 19:00 часот. во прекрасна спортска атмосфера се одиграа финалните натпревари. Како атракција на овој турнир беше и организирањето на фрлање на „тројки“ а за најдобар поединец на турнирот беше прогласен Тодор Божинов од екипата од Гевгелија.
Резултати:
Категорија VII – IX одд.
Прво место – WARRIORS
Второ место – GOLDEN BOYS
Категорија ГИМНАЗИЈА :
Прво место – СЛОГА
Второ место – МАРТИНА ПРОМЕТ
Категорија СЕНИОРИ :
Прво место – ПАРТИЗАН-ГЕВГЕЛИЈА
Второ место – DOWNTOWN