Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ Радовиш во рамките на проектот „Активни жени – подобри општини“ вчера реализираше средба со жени и претставници на граѓански организации (фокус група) со кои се разговараше за проблемите со кои се соочуваат и беше направена приоритизација на проблеми кои преку други проектни активности ќе бидат мониторирани од страна на граѓанските организации.
Проектот е финансиран од Европската унија, суб-грантиран од The Kvinna till Kvinna Foundation и Организација на жените на општина Свети Николе и ќе се реализира во периодот април – декември 2019 година.