Денес ЦКРМ-Општинска организација Радовиш го одржа првиот освежителен курс по прва помош за вработените во ТППЕ од Радовиш.
Црвен крст на Македонија – општинска организација Радовиш од вчера и официјално се вклучи во кампањата под мотото “Твоето незнаење чини живот” која следува по направени анализи дека во голем број случаи граѓани, пред се возачи, не знаат правилно да укажат прва помош во случај на сообраќајна несреќа.
Кампањата ќе трае до 15 септември, а ќе се одржат бесплатни курсеви за возачите во 33 општински огранизации на Црвениот крст, меѓу кои и во Радовиш и ќе бидат опфатени околу 8.000 возачи. Целта на кампањата е подигање на свеста за значењето од правилно укажување на првата помош со што би се спречиле поголеми здравствени последици, но и жртви од сообраќајни несреќи.
Црвен крст Радовиш ги поканува заинтересираните возачи за обуката, да се обратат во просториите на Општинската организација на Црвен крст Радовиш.
Исто така денеска и официјално се пушта во употреба лендинг страната на ЦКРМ. http://prvapomos.pagedemo.co/ -веб страна на која луѓето кои доаѓаат на сама страна имаат една цел, да се запознаат со кампањата, и да се пријават на истата. При тоа собираме податоци за луѓе кои се регистрираат онлајн и им испраќаме автоматизиран мајл зависи од кој град е и веднаш се враќа меилот со датуми на освежителните курсеви по прва помош.
Воедно се покажува бројката на заинтересирани возачи за посета на курсевите Пријавете се и Вие! Твоето незнаење чини живот! – упатуват порака од Црвен крст ОО Радовиш